Штипјанец починал во подрумот на пријателот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Штипјанец починал во подрумот на пријателот

56-годишен штипјанец е пронајден мртов во подрумот на неговиот пријател, каде живеел последните три години.

Во полициската станица во Штип, вчера во 11.20 часот, М.К. (60) пријавил дека во неговиот дом, во подрумскиот дел од куќата, го пронашол починат Д.М. (56) од Штип. Штипската полиција соопшти дека смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предаден во Клиничката болница во Штип за обдукција. На телото нема траги на насилство. Починатиот привремено бил згрижен од пријателот, бил невработен, а живеел од социјална помош.

Би те интересирало и

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март, со нов судија

За 27 март е одложено судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување ...