Штипјанец ја претепал девојката, а објавил и фотографии на лажен профил на Истаграм

Штипјанец заработи кривична пријава, осомничен дека сторил кривини дела, телесна повреда при семејно насилство и злоупотреба на лични податоци.

Станува збор за 23 годишниот З.М кој откако се скарал со девојката во еден момент насилно ја изнел  од кафе барот  каде што биле,  и почнал да ја удира со тупаници по главата и телото.Од ударите, дваесет и тригодишната девојка паднала на земја, а тој продолжил да ја удира.Настанот се случил на 23 февруари оваа година, десет минути по полноќ

Истиот ден во 14.30, З.М без знаење и согласност од девојката ги искористил нејзините лични податоци и направил лажен профил на апликацијата Истаграм и објавил нејзини фотографии кои биле сликани од неговиот и нејзиниот телефон додека биле во љубовна врска.

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...