Штипјанка физички нападната додека го доела своето бебе

Осумнаесетгодишна девојка од Штип вчера во 23:20 часот во полициската станица Штип пријавила дека околу 22:30 часот, додека во својата куќа го доела своето бебе, неповикано влегле нејзините соседи А.Џ. и Е.Џ. од Штип.

МВР соопшти дека двете лица физички ја нападнале девојката удирајќи ја со неколу тупаници во пределот на телото, по што оштетената паднала на подот. Осомничените продолжиле да ја удираат со клоци и да и ја кинат облеката со намера да ја соблечат, а притоа ја допирале во пределот на градите и се заканувале дека ќе ја силуваат.

Тие ја изнеле девојката надвор од куќата во дворот, каде продолжиле со дејствието и намерата да извршат обљува врз неа, но биле спречени во намерата од соседи кои во моментот слушнале викање и барање помош, по што осомничените избегале од местото на настанот, а оштетената била однесена со Итната медицинска помош.

СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Земјотрес почувствуван во Охрид, Струга и Ресен

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени сопред Рихтер и интензитет од III до IV степени ...

Кумановец тешко повреден во сообраќајна незгода

Сообраќајна незгода се случила вчера попладне во Скопје, пред главен влез на затвор „Идризово“. До незгодата ...

Close