Штип: Ниту изборите не ја „мотивираат“ локалната власт да се погрижи за чистата околина (Фото) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Штип: Ниту изборите не ја „мотивираат“ локалната власт да се погрижи за чистата околина (Фото)

Иако изборите вообичаено се „поттик“ за властите да почнат поангажирано да решаваат некои општествени прашања, се чини локалните избори годинава не ја мотивираат доволно штипската локална власт да покаже грижа за околината.

Расфрланите отпадоци се честа глетка за граѓаните кои минуваат покрај автобуската станица во Градот под Исарот. Новото годишно време донесе и поголем метеж, ако се земе предвид дека Штип е студентски град, па отпадоците „им бодат в очи“ и на оние кои се од други градови.

Штипјани го дочекаа новиот месец со старо нова глетка, бидејќи отпадоците не и’прават друштво само на автобуската станица. Имено – расфрлани најлонски ќеси, како и амбалажи од храна и појалоци се само дел од отпадот со кој осамна Штип утрово, откако викендов таму се одржуваше панаѓур.

Граѓаните за ова веќе реагираа на социјалните мрежи. Негои критикуваат дека оваа глетка ја има после секој панаѓур, а други се саркастични дека ѓубрето ќе го однесе штипскиот ветер.

Би те интересирало и

Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на ...

Села и Гаши на средба во Тетово разговараа за окрупнување на Албанската опозиција

Иако поделени во фракции и крила, Албанските опозициони партии започнаа да соработуваат, чија крајна цел ...