Што ако биткоин балонот пукне?

Често пазарите знаат да полудат и да се надуваат, но бумот во дигиталната валута биткоин е исклучителен. Неговата цена скокна над два пати за само два месеци. Ако некој доволно паметни или среќен купил биткоини за 1.000 долари во јули 2010 година, кога цената беше само 0,05 долари, сега би поседувал 46 милиони долари. И други криптовалути забележаа раст, откако нивната заедничка пазарна вредност е околу 80 милијарди долари.

Толку остри скокови ретко се отпорни. Почесто од кога сега зборот „биткоин“ се поврзува со „балон“. Важно е сепак прашањето што доведе до качување на цената. Дали ова е само шпекулација, или доказ дека биткоинот влегува во клучна улога како средство за размена или складирање на вредност? Со други зборови, дали биткоинот е како лале, злато или долар – или нешто сосема поинакво, прашува во својата анализа на темата „The Economist“.

Да започнеме со тоа, дека е нешто повеќе од манија по лалињата, шпекулативна хистерија, при што зголемената цена ги стимулира повеќе купувачите независно од суштината на средството. Сегашната траекторија на биткоинот навистина изгледа манијакално. Се појавија ситни инвеститори. Многумина запознаени со инвестирањето во биткоини ги префрлија залозите на етереум (отворена софтверска платформа врз основа на „блокчејн“ технологијата, која им овозможува на програмерите да изградат и распоредат децентрализирано апликации – н.з.) и „примарна монетарна понуда“ (ICO), при што компаниите емитираат сопствени дигитални токени.

Личи на рај за арамии, но за разлика од лалињата, биткоините имаат широка, реална употреба. Сега со нив се купува сè – од пици до компјутери. А што да кажеме за златото? Сигурно биткоините имаат повеќе од привремена сличност. Почитувачите на златото не им веруваат на владите и на нивните трендови да печатат пари; така е и со познавачите на биткоините: ниту една централна банка не одговара за криптовалутата.

Но еден склад на вредност не би требало да скока колку како овој: биткоинот спадна за над 1.100 долари на крајот на 2013 година до под 200 година подоцна, пред да скокне на сегашните неверојатни врвови. Наместо да биде само вид дигитално злато, биткоинот се залага за благородни цели: да биде средство за менување како еврото, јенот или доларот. Регулаторите почнуваат да го сфаќаат сериозно. Скокот во цената може до одреден степен да се објасни со одлуката на Јапонија да го третира како и секоја друга валута.

Но системот на биткоините оперира на својот лимит и неговите развивачи не можат да сфатат како да го зголемат бројот на обемните зделки, кои системот може да ги поддржи. Како резултат една трансакција сега вреди речиси 4 долари и трае часови, за да биде потврдена.

Ако биткоинот и други криптовалути не личат на ништо друго, тогаш што се? Најдобрата споредба можеби е со интернет и точка-com бумот кој тој го создаде на крајот на 90-тите години. Слично на интернет, и виртуелните валути отелотворуваат иновација и ја предизвикуваат уште повеќе. Сами по себе тие се експеримент како да се одржи јавна база на податоци („блок-синџирот“), без никој, на пример банка, да одговара за тоа. А блок-синџирите се платформи за понатамошни експерименти. Да го земеме етереум. Тој овозможува секакви проекти, од видео игри до онлајн пазари, да соберат средства со издавање на токени – во основа приватен капитал, кој може да се тргува и се користат во рамките на овие проекти. Ова може да е опасен начин за иновативност, но при криптовалутите ризиците изгледаат ограничени.

Ако има термин како здрав балон, ова е токму таков. Сигурно регулаторите треба да внимаваат криптовалутите да не станат средство за криминални активности како дрогата. Но, тие треба добро да размислат пред да удрат цврсто, особено при ICO. Прекумерна цврстина може не само да го пукне балонот, но и да го затвори патот на голем дел од корисната иновација, која веројатно може да биде постигната заедно со него.

Превземено од: Стандард

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија досега изгубила 119 милиони евра од ИПА фондовите – Во ризик дополнителни 33 милиони

  Вкупно 614 милиони евра и’ биле ставени на располагање на Република Македонија за реализација ...

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање ...

Close