Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни и сконцентрирани и ќе ни дадат повеќе енергија.

Најчесто повеќето луѓе немаат доволно време за попладневна дремка која докажано го освежува целиот организам, па кафето е еден од најпопуларните ритуали за моментално зголемување на енергијата.

Што кога овие две нешта ќе се спојат, но не на начинот на кој мислите? Се чини дека формулата за повеќе енергија се криела во редоследот на овие две нешта, односно прво кафе, па дремка.

Coffee nap е името на овој најнов ритуал кој има делотворен ефект кај оние што го пробале. Според истражувањата, ако се напиете една шолја кафе и потоа поспиете 30 минути, нивото на енергија значително се зголемува, отколку ако кафето го испиете по дремката.

Необичниот спој веќе ги освои и најголемите скептици, па станува сé попопуларен низ светот. Сепак, овој тренд не треба да го практикувате ако имате проблеми со желудникот. Во таков случај е подобро кафето да го замените со зелен чај.

Превземено од: ЦрноБело21

Би те интересирало и

Се’ за храна: Како стаклото на рерната да заблеска исто како ново?

Дали редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...