Што е Google Jigsaw и како може да придонесе за Македонија? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Што е Google Jigsaw и како може да придонесе за Македонија?

Вчерашната вест за средбата на премиерот Заев со Џеред Коен, директорот на Google Jigsaw во Њујорк даде доста позитивни сигнали. Сепак, прашањето е што е всушност Google Jigsaw и со што се занимава оваа ќерка фирма на конгломератот Alphabet кој корпоративно го управува интернет гигантот Google.

Google Jigsaw е всушност технолошки инкубатор кој поддржува и финансира идеи за спречување на глобалните закани, за наоѓање на геополитички проблеми и стои зад изработката на многу важни софтверски алатки кои придонесуваат за слободата на говорот како и за соочување со многу интернет аномалии.

Инкубаторот најпрво се нарекуваше Google Ideas што со самото име доволно говори за неговите определби да биде интелектуалното крило на Google кое ќе има политичко и општествено влијание, ќе биде дел од тековните општествени процеси и ќе може да влијае преку софтверските програми.

Google Jigsaw сега се занимава со доста значајни прашања како што е справување со малтретирање преку интернет, се обидува да обезбеди алатки за заштита на новинари и активисти, заштита на приватноста со сајбер просторот, безбеден интернет во репресивни општества, спречување на ширење на терористичка пропаганда и уште многу други проекти кои се во развојна фаза и допрва ќе добијат верзија која ќе биде наменета за корисниците.

Отвореноста на Google Jigsaw како и политичката ангажираност може да бидат и од корист за Македонија, особено за млади и талентирани програмери кои имаат свежи идеи како да решаваат конкретни општествени проблеми со софтверски алатки кои би имале глобална апликативност.

Извор: Фактор

Би те интересирало и

Модерната технологија корисна но и штетна

Просветните работници се почесто алармираат дека децата прекумерно користат модерни технологии до граница на зависност. ...

НаТочак: Анализа на пријавите поврзани со велосипедизам во дневните билтени на МВР

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија секојдневно објавува кратки информации во делот „Дневни билтени“ ...