Што кажаа нашите репрезентативци, по средбата со Чешка… – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Што кажаа нашите репрезентативци, по средбата со Чешка…

Навистина е тешко да се каже било што, по еден толку мачен пораз, каков што е овој денешниот од Чешка. Такви беа и коментарите на нашите репрезентативци.

Филип Миркуловски: “Се на се, добро одигран натпревар, но само до 50. минута кога паднавме и кога направивме неколку почетнички грешки. Криво ни е за овој натпревар. Имавме голема шанса, имаме квалитет, имаме публика, но можеби најбитното ни недостасува, а тоа е карактер – што е многу битно за вакви натпревари и за вакви првенства. Никако да го направиме тој чекор напред. Утре ќе излеземе со Данска да одиграме колку што можеме. Штета, пропуштена е голема шанса. Вакви шанси повеќе нема ни да имаме со оваа генерација“.

Филип Лазаров: “Денеска имавме доволно хемија за победа. Така изгледаше и така функционираше се до 45. минута. На крајот снемавме идеја, сила. Борко застана, сите застанавме одеднаш, веќе немаше расположен играч да преземе лидерска улога во последните десет минути, да ни олесни. Два гола ни требаа за победа, но тоа е, нема бегање од ова“.

Мартин Велковски: “Ја загубивме предноста од пет гола, имавме своја шанса, но не погодивме два седмерци. Жалам за добро одиграниот натпревар, за кој немаме соодветна награда. Честитки за чешката селекција. Целиот натпревар го одигравме тимски, жалосно е што го загубивме“.

Дејан Манасков: “Тоа е тоа. Сами сме си виновни. Промашивме кога требаше да дадеме голови. Не знам што се случи. Во финишот не бевме доволно агресивни при нивните контранапади, па и кога одеа во полуконтра. Примивме доста лесни голови, а самите не погодивме, и им дозволивме да го стигнат нашето водство“.

Филип Талески: “Почнувајќи од мене, мислам дека во тие одлучувачки моменти не одигравме на посакуваното ниво во одбраната, му дозволивме на противникот да постигне неколку голови, да се врати, а потоа и да го сврти резултатот во своја полза. Знаете како се вели, толку блиску, а толку далеку, таков е спортот, можеби желбата беше преголема и во неа изгоревме, разочарувањето во секој случај е огромно. Покажавме карактер од самиот почеток, имавме и поддршка од капитенот Лазаров од крај самата аут-линија, но за жал не издржавме, како да се исплашивме од победата“.

Гоце Георгиевски: “На вакви мечеви, кога натпреварот се решава во последните неколку минути, ни требаше многу поголема концентрација. Едноставно не знаев што да правам самиот со себе. Можеби требаше да побарам измена и одмор. Но, можеби желбата беше поголема од мене и тоа се покажа како погрешно. Но, што е – тука е, Сите сме виновни, кога губи екипата, тогаш губиме сите. Кога се кршеше резултатот имав доста грешки. Ние дадовме максимум за да не се почувствува неиграњето на Кире. И се додека беше во најдобар ред, беше убаво. Но, кога се случи падот во играта мислам дека тие голови од капитенот ќе ни значеа доста“.

Извор: РК Металург

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...