Што се случува во организмот 20 минути по гасењето на цигарата?! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Што се случува во организмот 20 минути по гасењето на цигарата?!

Во никотинскиот чад се наоѓаат повеќе од 7.500 штетни хемиски соединенија, меѓу кои 80 се канцерогени, за кои медицински е докажано дека предизвикуваат рак. Стасуваат во секој дел од телото и се одговорни за настанување на карциномот на белите дробови во дури 90 отсто случаи.

Во значаен процент предизвикуваат и рак на грлото, хранопроводот, желудникот, дебелото црево, црниот дроб, панкреасот, грлото на матката, бешиката… А, кај една третина од сите малигни заболувања, никотинот е виновен за смртниот исход.

Еве што позитивно се случува во организмот штом престанете да пушите…

Само 20 минути по гасењето на цигарата, крвниот притисок и пулсот се нормализираат, како и температурата во рацете и нозете, бидејќи никотинот ја блокира циркулацијата и го забрзува работењето на срцето. По 12 часа од последната цигара, нивото на јаглерод моноксид опаѓа, а кислородот расте до нормалното ниво во крвта.

Веќе по два дена, нервните завршетоци почнуваат да се регенираат, a сетилата за мирис и вкус полека закрепнуваат. Истовремено, бесот и вознемиреноста поради апстиненцијата од цигарите достигнува кулминација.

По една година од престанувањето на пушењето, ризикот од сите коронарни болести двојно се намалува, како и веројатноста од смртност од рак на белите дробови.

Превземено од: Слободен Печат

Би те интересирало и

Стресот предизвикува проблеми со помнењето

Стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје и може да предивика сериозни, хронични проблеми ...

Истражувањата покажаа: Жените се посилен пол

Истражувачи од Универзитетот во Лондон откриле дека женскиот имун систем може да победи различни инфекции ...