Штрајк на грчките медиуми

Вработените во сите грчки медиуми денеска ќе стапат во 24-часовен штрајк по повик на Сојузот на уредниците од дневните весници во Атина (ЕСИЕА).

Тие се незадоволни од неуспехот да се постигне договор меѓу Владата и работодавачите за спас на новинарскиот фонд за здравствено осигурување (ЕДОЕАП).

Медиумските работници штрајкуваат бидејќи фондот за здравствено осигурување не е финансиран и не ги исполнува своите функции, а како резултат на тоа вработените немаат никакво осигурување, се наведува во соопштението на синдикатот на новинарите, повикувајќи ја Владата да најде решение за проблемот.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...