Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување

Најдобриот српски тенисер и поранешен прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ потврди дека бил под медицински третман на лактот, нагласувајќи дека очекува комплетно закрепнување од повреда.

По елиминацијата во осминафиналето финалето на Австралија опен, Ѓоковиќ најави нова подолга пауза поради проблемите со десниот лакт:

„Би сакал да ги споделам вестите за моето закрепнување. Веќе две години добив различни дијагнози, мислења, препораки и препораки за работа …. Морам да признам дека тоа беше многу тешко за мене. Паузирав шест месеци, убеден дека тоа е доволно да закрепнам, но по сите терапии се’ уште чувствував болка“.

Затоа, пред неколку дена, имав медицинска интервенција на раката во Чешка. Ми се чини дека сум на добар пат да закрепнам целосно, но знаете, ова е голем предизвик, вели Ѓоковиќ.

Би те интересирало и

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс соопшти дека нема да настапи на турнирот во Рим, кој ќе ...

Федерер ја започнува сезоната на трева во Штутгарт

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер годинава ќе ја започне својата сезона на трева во Штутгарт. Тоа ...