Ѓоковиќ избори полуфинале на Мастерсот во Лондон

%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%ba_%d1%93%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%9c_2

Новак Ѓоковиќ е првиот тенисер кој обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Лондон, откако синоќа во рамките на 2.коло од групата „Иван Лендл“ го победи Милош Раониќ со 2:0 во сетови. Двата сета Ѓоковиќ ги доби во тај брејк, првиот со 8:6 на поени, а вториот со 7:5.

Покрај двете победи Ѓоковиќ го обезбеди и првото место во групата, бидејќи во првиот меч од вчерашната програма Доминик Тием го совлада Гаел Монфис со 2:1 во сетови. Во третото коло од оваа група Ѓоковиќ ќе игра против Монфис, а за пласман во полуфиналето и за второто место ќе решаваат: Раониќ и Тием.

Денеска се играат мечевите од 2.коло од групата „Џон Мекинро“. Од 15 часот е дуелот на победниците од првото коло Енди Мареј – Кеи Нишикори, а од 21 часот играат Марин Чилиќ и Стан Вавринка.

Додади коментар

Би те интересирало и

ФИФА потврди: Видео технологијата ќе се користи на Мундијалот во Русија

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека видео-технологијата ќе се користи на ...

Иџе новата сезона ја започнува на „Монца“

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе в недела (30 април) по екипирањето на првиот македонски ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger