Ѓоковиќ: Мора да се адаптирам – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ѓоковиќ: Мора да се адаптирам

Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 12 Грен слем турнири и 3 титули на Вимблдон, ја игра една од најлошите сезони, со оглед на лошиот старт и продолжувањето на лошата форма, која трае по освојувањето на Ролан Гарос минатата година.

Популарниот Ноле како и секогаш останува со позитивна мисла во насока на извојување нови победи и враќање на старите патеки.

– Во моментов знам и убеден сум дека не сум во форма, но мора да се остане позитивен. Позитивната мисла и тренинзите ќе доведат до подобрување на мојата игра. Видете, мораше да дојде до ваква ситуација за да почнете сами да си ги поставувате прашањата околу својата иднина. Не сум веќе 20 години и следно што мора да направам е да се адаптирам. Очекувам да ја подобрам играта во вториот дел од сезоната, – изјави поранешниот светски рекет број 1, Ѓоковиќ.

Би те интересирало и

Ѓоковиќ: Ние сме како животни во затворен кафез

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ го дигна гласот против третманот на тенисерите на Австралија ...

Ѓоковиќ се врати со победа во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот по пауза од шест месцеи и во два ...