Ѓоковиќ на чекор до заработка од 100 000 000 долари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ѓоковиќ на чекор до заработка од 100 000 000 долари

novak-gjokovikj-odgovarase-na-prasanjata-na-fanovite-video

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ би можел да стане првиот тенисер кој успеал да заработи 100 000 000 долари. Во пресрет на „Отвореното првенство на Франција“, единствениот од четирите Гренд слем турнири на кои Ѓоковиќ не успеал да триумфира, тој досега во кариерата има заработено 99.673.404 долари.

За да ја мине магичната граница, тој ќе треба да се пласира најмалку во полуфиналето, за што ќе заработи 565.000 долари. Од 2010 година наваму српскиот тенисер постојано е меѓу четирите најдобри на турнирот во Париз.

Слична шанса како и Ѓоковиќ имаше и Рожер Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос“.

Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.

Би те интересирало и

Ѓоковиќ: Ние сме како животни во затворен кафез

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ го дигна гласот против третманот на тенисерите на Австралија ...

Ѓоковиќ се врати со победа во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот по пауза од шест месцеи и во два ...