Ѓоковиќ преку Баутиста-Агут до четвртфинале во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Рим затоа што успеа со 2-0 (6-4, 6-4) да слави над Шпанецот Роберто Баутиста-Агут (20. место на АТП-листата) – јавува порталот Гол.

Ѓоковиќ беше подобар во клучните моменти и ги искористи сите грешки на противникот, за посакуван триумф и пласман во наредната фаза. Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк за 4-3, а потоа преку првата сет-топка поведе со 1-0, додека во вториот сет, клучен беше брејкот за 5-4.

Во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Рим, Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Кеи Нишикори и Хуан Мартин Дел Потро.

 

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Ѓоковиќ: Мора да се адаптирам

Новак Ѓоковиќ, освојувачот на 12 Грен слем турнири и 3 титули на Вимблдон, ја игра ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close