Ѓоковиќ се избори за полуфинале на Мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во продолжението на четвртфиналниот меч со Хуан Мартин Дел Потро победи со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4 во гемови).

Дуелот беше прекинат синоќа поради дожд при водство на Ѓоковиќ од 1-0 во сетови и 2:1 во гемови за Дел Потро. Ова беше нивни 18.ти меѓусебен меч и Ѓоковиќ води со 15-3. Негов ривал вечерва во полуфиналето ќе му биде Доминик Тием, кој го победи Рагаел Надал. Мечот треба да почне во 20.00 часот.

Во првото полуфинале играат Александар Зверев и Џон Изнер.

На женскиот дел од турнирот Симона Халеп избори финале откако ја совлада Кики Бертенс со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1), додека во второто полуфинале ќе играат Гарбине Мугуруза и Јелена Свитолина.

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...