Ѕвезди кои како тинејџери станале родители

Софија Вергара прв пат се развела на 19 години, кога веќе го имала едногодишниот син, а Чарли Шин дури во 2010 година откри дека станал татко на свои 19 години.

Актерката Софија Вергара, која сега има 44 години, својот син Маноло го родила кога имала 18 години. Тогаш веќе била во брак со Џо Гонзалез, но од него се развела една година подоцна. Вергара со синот се преселиле во Лос Анџелес за таа да ја оствари својата актерска кариера.

51-годишниот Чарли Шин пак во 2010 година откри дека има ќерка, Касандра, која ја добил кога имал само 19 години, со својата средношколска девојка Паула Профит. Шин на 44 години стана дедо.

Помалата сестра на Бијонсе, 31-годишната Соланж, се држеше настрана од јавноста се до пред неколку години, кога го издаде нејзиниот самостоен албум. Пејачката се омажи за спортистот Даниел Смит во 2004 година, кога имаше 17 години, а една година подоцна роди син.

Би те интересирало и

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...

Десет особини на „убавите“ жени

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична ...