Јавна дискусија за медиумски реформи: ЗНМ бара повеќе средства за МРТ со ребалансот

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани бара Владата да ги зголеми средствата за МРТ со ребалансот, инаку, вели тој, ЗНМ ќе ги искористи сите можности да ја алармира домашната и меѓународната јавност во врска со намалувањето на средствата за работа на јавниот сервис.

Своите Ставови, Селмани денеска ги изнесе на дискусијата „Реформи во медиумскиот сектор“, што ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација.

Селмани рече дека владата е неконзистентна во врска со реформата во МРТ затоа што лани пратениците на СДСМ го поддржале предлогот на новинарските организации еден процент од државниот буџет да се одвои за финансирање на МРТ, додека сега како власт со ребалансот се предвидени многу помалку средства од тоа што сега ги има куќата како приходи.

Со овој пристап, објасни тој, владата не ги почитува препораките на Советот на Европа, кои инсистираат на политичка и економска независност на јавниот сервис.

„Ветувате зајакнување на капацитетите на МРТ, а од друга страна предвидувате помалку пари за финансирање на куќата и се заканувате дека ќе го смените директорот на јавниот сервис. Јас сум прв што се залагам за смена на директорот, но има други начини како се прави тоа, а не со закани. Така не се обезбедува независноста на МРТ“, истакна Селмани.

На денешната дискусија присуствуваа голем број на претставници на медиумските здруженија, новинари, домашни и меѓународни организации и претставници на дипломатскиот кор во земјата. Беа отворени повеќе прашања во делот на законските измени, финансирањето на јавниот сервис, медиумската продукција, условите во кои работат новинарите, известувањето на локално ниво.

Дел од реформите во медиумите кои ги предлага Министерството за информатичко општество и администрација се намалување на задолжителните програмски обврски, престанок на субвенционирање на програмските содржини од ресорното Министерство, како и укинување на радиодифузната такса од октомври

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумиски работници, Тамара Чаусидис искажа загриженост што во приоритетните реформи во медиумите не е опфатен и Законот за работни односи, со кој може да се обезбеди подобра положба на медиумските работници.

 

Вања Мицевска

 

Би те интересирало и

УХМР: Нестабилно со пороен дожд во Гевгелиско и над Скопска Црна Гора

Поголема нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи во моментов има во ...

Делови од Скопје утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја  ќе бидат дел од корисниците од улицата ...