Јанакиев: Имаше газење по телото и главата на Села, лицето му беше во локва крв – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Јанакиев: Имаше газење по телото и главата на Села, лицето му беше во локва крв

Речиси шест часа траеше денешното рочиште за обидот за убиство на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села. Рочиштето заврши со сослушување на третиот сведок, Игор Јанакиев, кој е вработен во МВР како дел од обезбедувањето на вип личности. Тој рече дека не видел како Села се одделува од останатите пратеници во моментот кога демонстрантите влегле во Собранието лани на 27 април.

„Додека беше Села со другите пратеници немаше напади конкретно кон него“, рече сведокот додавајќи дека поради тоа што било многу топло во просторијата излегол за да се напие вода и кога се вратил забележал дека Села веќе се тетерави, по што паднал на средината од прес центарот.

„Падна на земјата и колу него имаше петнаесетина луѓе. Почнаа да го маваат. Успеав да се пробијам до телото, тој лежеше на стомак со рацете на главата. Застанав покрај него за да го заштитам, тој беше свесен и се обидуваше да си ја заштити главата колку што можеше. Кога застанав, веќе се расчу дека Села е паднат. Цело време доаѓаа нови луѓе од надвор, немаше константно едни луѓе. Удираа и се повлекуваа“, раскажа Јанакиев.

Според него, демонстрантите го удирале Села по телото и главата, дури и го газеле. Рече дека никој не се спротивставил на неговата заштита, бидејќи знаеле дека е од МВР.

„Села беше во локви крв, сигурно имал повреди“, кажа Јанакиев кој не успеа да препознае никој од обвинетите во судницата денеска, за разлика од двајцата сведоци кои сведочеа пред него.

Следното рочиште за овој случај е закажан за 18 април, за кога се повикани уште тројца сведоци.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...