Јанева и Фетаи ги обжалија одлуките за парични казни

Катица Јанева и Фатиме Фетаи денеска поднесоа жалби против одлуката на Судот за парични казни, соопштија од Специјалното Јавно Обвинителство.

„Денес до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“ извести СЈО.

Од исто така извести дека против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти поднеле иницијативи-претставки за утврдување нестручно и несовесно вршење на судската функција.

„Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12.13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12.30 часот“ соопштија од СЈО.

Преземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close