Јанушев обвинува за местење тендер од АД ЕЛЕМ, оттаму одрекуваат – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Јанушев обвинува за местење тендер од АД ЕЛЕМ, оттаму одрекуваат

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев се сомнева дека АД ЕЛЕМ ги мести условите за учество на новиот тендер на РЕК Битола вреден 320 милиони денари.

Јанушев денеска на прес конференција реагираше дека во земјава има само една фирма што ги усполнува условите од тендерската документација, според која, економскиот оператор треба во последните 3 години да има ископано 900.000 тони јаглен.

Ако тоа е така, другите компании кои се занимаваат со оваа дејност од старт се елиминирани, а со тоа однапред се знае кој ќе го добие тендерот. Сомнежот е дека oваа тендерска постапка е однапред договорена работа. ВМРО-ДПМНЕ бара истата да биде поништена и да биде распишан нов оглас, со еднакви услови за учество, водејќи се од начелото на правичност и транспарентност – рече Јанушев.

-На површина излегоа причините поради кои беше укинат Советот за јавни набавки, кој беше гарант за законитоста и чувар на јавниот интерес при постапките за јавни набавки. Советот за јавни набавки беше трн во очите на власта, пречка за сите коруптивни шеми, и затоа беше укинат. Цената на неговото укинување сега ја плаќаат граѓаните, од чии пари се полнат сметките на фирми блиски до оваа криминална власт. ВМРО-ДПМНЕ вчера обелодени дека токму фирмата „Пелистер“, поради склучен договор во четири очи, е фирма која во изминатиот период вршеше ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола по цени двојно поголеми од првично предвидените, со што државата плати 1 милион евра повеќе. Имено, откако договорот беше раскинат, наместо со второ рангираната фирма, односно истата фирма „Пелистер“, која тогаш понудила 45 денари за ископ на гига џул јаглен, се прави договор со истата таа фирма во 4 очи, но за сума поголема за 1 милион евра. Како е можно истата фирма за истата работа на 1 тендер да има една цена, а кога се договара во 4 очи, истата таа цена да биде за 1 милион евра повеќе? – додаде тој на денешната прес конференција.

Државниот производител на струја, АД ЕЛЕМ преку соопштение ги демантираше ваквите информации. Оттаму ги оценуваат како неточни информациите што опозицијата ги изнесе на прес конференција.

АД ЕЛЕМ смета дека условите во тендерот овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите се и натаму доволно ригорозни да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет и референци за изведување на одговорна задача, како што е ископот на јаглен во РЕК Битола.

 

Би те интересирало и

Ирена Јакимоска е нов претседател на Стопанската комора за Прилеп

Управниот одбор на Регионалната Стопанската комора за Прилеп доби нов претседател – Ирена Јакимоска. Таа ...

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...