Јанчев: Предизборна манипулација се владините верувања за подобрување на состојбата во Фени

Власта вознемирена  и уплашена од поразот кој и’ претстои на локалните избори,  ги прави последните очајнички чекори. Кандидатот за градоначалник од СДСМ остварил средба со превозниците од Фени индустри и вицепремиерот за економски прашања давајќи им лажни ветувања за подобрување на и онака лошата состојба во компанијата – тврди на прес конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

„Напоменуваме дека превозниците се свесни за оваа предизборна манипулација и дека истите имаат организирани форми на здружување и застапување на сопствените интереси. А тоа се здружение на транспортери преку републичката стопанска комора. Ова е класичен пример  на  злоупотреба службената должност од страна на власта во изборни цели“, смета Јанчев.

На ваквите обвинувања СДСМ со одговор дека следните две недели Фени индустри ќе добие нови сопственици кои ќе ги исплатат сите долгови кон транспортерите и доверителите  и дека Владата, нема да дозволи стотици семејства да останат без работа.

-Тврдењето дека наводно ова е манипулација, е лага и за неколку недели тоа и јавно ќе се види. Реакцијата на Јанчев е најверојатно резултат на гневот и нервозата, од состојбата на терен пред изборите, кои тој и ДПМНЕ ќе ги загубат катастрофално – се вели во писмената реакција на кавадаречките социјалдемократи.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...