Јапонија бара построги санкции против Северна Кореја

Сега не е момент за дијалог, туку треба да се зголеми притисокот врз Северна Кореја, изјави денеска портпаролот на јапонската влада, Норио Маријама.

Тој на средбата со претставници на ОН истакна дека „дијалог без дијалог е безначаен“. Според него, Јапонија го разгледува воведувањето на нови санкции против Пјонгјанг, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на увозот на нафта.

– Треба да видиме кои санкции се најуспешни, изјави Маријама.

Портпаролот ги повика сите земји членки на ОН да ги усвојат санкциите, а Кина и Русија да го употребат своето влијание и да одиграат „поконструктивна улога“ со Северна Кореја.
ЕУ, исто така, соопшти денеска дека разгледува можност за воведување на поостри санкции врз Северна Кореја поради тестирањето балистички ракети, со цел да се спречи таа земја да продолжи со финансирање на развојот на нуклеарно оружје.

– Северна Кореја е држава против која ние имаме најрестриктивни мерки и одлучивме да го разгледаме воведувањето на посилни мерки преку целосна соработка со нашите меѓународни партнери, истакна шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ја изразија потребата од дипломатско, а не воено решение за решавање на проблемот, оставајќи ја отворена вратата за дијалог.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

На аукција писмо од Титаник, се очекува да надмине 100.000 долари

Писмо пронајдено кај еден човек кој загинал во потонувањето на Титаник се очекува да достигне ...

Рахој: Шпанската Влада го започна процесот на суспендирање на каталонската автономија

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата ...