Најмалку десет лица се водат за исчезнати, а околу 400.000 морале да ги напуштат своите домови, откако во последните два дена падала рекордна количина на дожд во југозападниот дел на Јапонија.
Во деловите на префектурата Фукуока на островот Кјушу, во средата, за девет часа наврнале 774 литри на метар квадратен, што е за 2,2 пати повеќе од просечните врнежи во јули, објави националната телевизија.
Околу 7.500 спасители, вклучувајќи ја војската, полицијата и противпожарните служби, биле мобилизирани за да можат да помогнат во евакуацијата. Во спасувачките акции се вклучени и 40 хеликоптери.
Извор: Макфакс