Јасна порака до Северна Кореја: Американскиот против-ракетен систем THAAD ја демонстрираше својата моќ

Американските власти соопштиле дека успешно го тестирале својот ракетен одбранбен систем THAAD над Аљаска.

Овие тестирања на американскиот против-ракетен одбранбен систем доаѓаат откако Северна Кореја минатата седмица за прв пат лансираше интерконтинентална балистичка ракета за која што некои експерти веруваат дека може да го погоди континенталниот дел на САД, односно Аљаска.

Американската агенција за ракетна одбрана (MDA) соопшти дека во текот на вчерашниот ден било изведено тестирање на системот THAAD со лансирање на мета – била лансирана балистичка ракета над Тихиот океан северно од Хавајските острови.

„Ракетниот систем THAAD, сместен на Кодијак на Аљаска, ја детектираше, ја следеше и успешно ја пресретна ракетата“, соопштија од американската Агенција за ракетна одбрана.

Според прелиминарните показатели, како што се додава, планираните цели на тестирањето се постигнати и ракетниот систем THAAD успешно ја соборил симулираната закана – балистичка ракета од среден домет (IRBM).

Американската агенција пренесува дека тоа било 14-то успешно тестирање во исто толку тестирања колку што биле изведени со овој против-ракетен систем.

„Успешното демонстрирање на THAAD ракетниот систем против балистичката ракета од среден домет ги зајакнува одбранбените способности на нашата земја против ракетните закани од Северна Кореја и другите земји ширум светот и придонесува за поширока структура на стратешко одвраќање“, стои во соопштението.

Преземено од: Точка.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Почна акцијата за чистење на сириско-либанската граница од екстремисти

Сириската војска и либански Хезболах поведоа офанзива со цел исфрлање стотина екстремистички борци од пограничното ...

Во Хамбург запленети речиси четири тони кокаин

Германската полиција од почетокот на годинава запленила речиси четири тони кокаин во три операции во ...

Close