Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот натпревар се појави вест дека за него интерес покажал рускиот гигант, ЦСКА Москва – пренесува порталот Спортски.

Утрово во руските медиуми се појави вест дека тимот на ЦСКА Москва испратил понуда до Јаховиќ кој во Русија би можел да се пресели наредното лето кога завршува неговиот договор со турски Гозетепе.

Како што пренесуваат руските медиуми, ЦСКА на Јаховиќ му понудил договор според кој тој би заработувал 1.3 милиони евра годишно.

Триесетгодишниот македонски фудбалер оваа сезоната во турското првенство на девет натпревари постигна 11 погодоци и запиша две асистенции.

 

Извор: www.sportski.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...