Јилдирим: Турција нема да дозволи создавање на „вештачка“ курдска држава

Турскиот премиер, Билани Јилдирим изјави денеска дека кризата на северот на Ирак претставува прашање од интерес на националната безбедност на Турција. Јилдирим подвлече дека Турција нема да прифати било какво менување на статус-кво состојбата во регионот, алудирајќи дека Турција ќе се спротистави на отцепувањето на Ирачки Курдистан од Ирак.

„Покрената е иницијатива за формирање на нова, вештачка држава. Такво нешто нема да биде дозволено бидејќи тоа ја загрозува националната безбедност на Турција“, изјавил Јилдирим.

Во меѓувреме, турската новинска агенција Анадолија јави дека повеќе од 150 припадници на ирачките безбедосни сили биле убиени во судирите со курдските единици на границата на Ирачки Курдистан. Неколкумина курдски борци исто така биле убиени во борбите.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...