Ји го поздрави доделувањето на мандатот, немал консултации со секретарот Тилерсон

Американскиот заменик помошник државен секретар за средна и јужна Европа Хојт Ји сведочеше пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Конгрес вчера, при што ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го именува лидерот на СДСМ Зоран Заев за мандатар. Ји ги отфрли обвинувањата на конгресменот, Дејна Рорабахер дека американската дипломатија се мешала во внатрешните политички работи на Македонија за да доведе до формирање на Влада предводена од СДСМ и потврди дека досега немал директна комуникација со државниот секретар Рекс Тилерсон во утврдувањето на политиката кон Балканот.

„Ќе работиме со новиот претседател на Собранието во поддршка на демократијата и на напредокот на Македонија на европскиот пат. Ги повикуваме македонските власти целосно да ги истражат нападите врз пратениците што следеше по изборот на новиот претседател на Собранието и да се доведат одговорните пред лицето на правдата“, изјави Ји.

Конгресменот Дејвид Силицини од опозициската Демократска Партија, кој беше дел од делегацијата што неодамна престојуваше во Македонија, го праша Ји дали имал можност директно да ја утврди политиката на новата американска админситрација кон Балканот во дискусија со државниот секретар Рекс Тилерсон. Ји одговори дека досега немал можност да го стори тоа.

–„Не сум разговарал директно со секретарот Тилерсон за нашата политика на Балканот. Но, сепак би сакал да ве уверам дека многу од тоа што го правиме е темелно дистрибуирано, одобрено и прегледано од високите претставници на Стејт Департментот, а секако го информираме и Секретарот за нашите активности и планови, особено имајќи предвид дека тој требаше да одлучи дали ќе го потпише или не протоколот за членство на Црна Гора во НАТО“, одговори Ји, на што Силицини забележа – „ќе биде од корист да знаеме дали Државниот Секретар дискутирал со вас за стратегијата на новата администрација во регионот. Од вашиот одговор, ќе заклучам дека тоа не се случило”.

За време на неговиот престој во Скопје, по одлуката на Стејт Департментот да го признае Талат Џафери за претседател на Собранието, Ји беше прашан на кое ниво е донесена таа одлука и дали администрацијата на Доналд Трамп е информирана за работата на Стејт Департментот на Балканот.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close