Јованоски ја презеде градоначалничката функција во Прилеп

Со врачувањето на решенијата на 27-те новоизбрани советници и примопредавањето на функцијата градоначалник од страна на досегашниот, Марјан Ристески на новиот Илија Јованоски во Прилеп денес беше извршена официјалната промена на локалната власт. На свеченоста во големата општинска собраниска сала Претседателот на ОИК Каролина Шукроска ги предаде решенијата на избраните светници и на Градоначалникот Јованоски и им посака успешна работа:

Изборниот процес во Општина Прилеп заврши во првиот круг на гласање на 15 Октомври. Државната изборна комисија со посебен заклучок на 24-ти октовмри објави конечност на изборните резултати, по што и Општинската изборна комисија ги објави конечните резултати.  Веднаш потоа во градоначалничкиот кабинет се случи предавањето на функцијата од досегашниот Марјан Ристески, кој 12,5 години беше прв човек на Прилеп, на новиот татко на градот Илија Јованоски.

„Овдека и официјално завршува мојата градоначалничка функција. Понатаму продолжувам да бидам лојален прилепчанец и Македонец. Му посакувам на новиот Градоначалник Јованоски здравје, среќа и успех. Како што беше успешен лекар да биде понатаму и успешен Градоначалник. Ви благодарам за демократскиот начин на предавање на градоначалничката функција на еден пригоден, пристоен и достоинствен начин. Јас се надевам и убеден сум дека ќе бидам Градоначалник на сите граѓани на Прилеп. Сите проекти кои беа ветени во изборната програма ќе ги реализираме заедно со Вас граѓаните. Сите заедно ќе се договараме, ќе одлучуваме, ќе реферираме околу сите проекти за иднината на град Прилеп и за доброто на сите граѓани на Прилеп

Во име на мнозинството во новиот Состав на Советот иднот претседател, Миле Талески за утре ја најави конститутивната седница:

„Ова е отсликување на волјата на граѓаните на Општина Прилеп на Локалните избори. Сакам да ја најавам утрешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на која ќе бидат верифицирани мандатите на сите 27 членови на Советот и седница на која ќе биде избран новиот претседател на Советот на Општината“.

По завршување на церемонијалниот дел во собраниската сала беше формиран граѓанскиот парламент кој, согласно најавте на на новиот Градоначалник Јованоски, треба заедно со него да ги утврдува приоритетите во идното негово и работењето на Советот.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Индиската убавица, Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во ...

УНИЦЕФ: Јемен ќе остане без гориво и вакцини за еден месец

Портпаролката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Јемен, Маритксел Релањо, денеска предупреди дека резервите ...