Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на малиот Алмир Алиу од Куманово – смета републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Тој апелира до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што наведува дека е случај деновиве.

„Обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги носат и ќе ги носат исклучиво врз основа на одредбите од законот и изведените докази. Со моето доаѓање на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија ветив дека одлуките нема да се носат врз основа на желби на партиските штабови или центри на моќ. Професионализацијата и враќањето на довербата во Обвинителството ми се основни принципи при вршењето на оваа одговорна функција“, наведува Јовески во соопштение.

Додава дека политичките партии, без разлика дали се на власт или во опозиција, без разлика на етничка припадност, се заложиле оти  ќе ги тргнат рацете од Обвинителството, ќе ја почитуваат неговата самостојност и дека се залагаат за вистински реформи во правосудниот систем. Затоа, посочува Јовески, барам, и во случајот кој деновиве ја бранува јавноста, да постапуваат согласно нивните јавно искажани и декларирани принцип.

Апелира при коментирањето и оценките за овој кривично-правен настан, да се земат предвид сите докази и факти од целиот настан. Само со целосна анализа на доказите се утврдува материјалната вистина и кривичната одговорност, укажува Јовески.

Политичките субјекти, посочува, доколку се сомневаат или имаат забелешки на мојата професионална работа можат да побараат мое разрешување.

 

Би те интересирало и

Владимир Ѓорчев не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата ...

Со неажуриран регистар во јавниот сектор, вработените нема да можат да добијат плата

Државните институции имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во ...