Јоноски во составот за дуелот со Чешка

На денешниот натпревар со Чешка повторно во репрезентацијата ќе биде Ацо Јоноски, кој доби повик од селекторот Раул Гонзалез. Тој е во составот на местото на Мартин Велковски кој беше Украина.

Промена има и на голманската позиција па место Златко Даскаловски, пријавен за денешниот дуел е Никола Митревски.
Македонија на дуелот со Чешка ќе настапи во следниот состав: Георгиевски, Јоноски, Кузмановски, Ф.Лазаров, К.Лазаров, Манасков, Н.Маркоски, Миркуловски, Митков, Митревски, Ојлески, Пешевски, Поповски, Ристовски, Стоилов и Талески.
Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а во исто време играат и Исланд и Украина.
Натпреварот ќе го судат Тиери Денц и Денис Ребе од Франција.
Додади коментар

Би те интересирало и

Металург носител при извлекување во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави носителите и шеширите за ждрепката за групната фаза што ...

Прв интернационален предизвик: Марија Николиќ потпиша за грчки ПАОК

Македонската репрезентативка Марија Николиќ, која досега ги бранеше боите на Металург во домашниот шампионат, ќе ...

Close