Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Грузија

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски загуби денеска во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во грузискиот грда Телави. Поуспешен од Јотовски беше Гиљермо Оласо од Шпанија.

Мечот Оласо го доби со 2-0 во сетови, 7:5 во гемови во првиот сет и 6:1 во гемови во вториот сет.

Оласо од квалификациите успеа да се избори за настап на главниот турнир, но тој е тенисер што пред три години бил на 167.место на АТП листата, а ова за него е враќање на тениските терени по долга пауза.

Јотовски за пласманот во четвртфиналето ќе добие два поена, а воедно ќе го продолжи претстојот во Грузија бидејќи е пријавен за настап и на другите два фјучрс турнири.

Би те интересирало и

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...

Прво финале за Шарапова по кам-бекот

Марија Шарапова ќе го игра првото финале по враќањето по допинг-суспензијата, откако ја победи домашната ...