Јотовски се пласира во третото квалификациско коло на турнир во САД

jotovski-25062016-2946

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски 2017 година ја почна со победа. Тој во 2.коло од квалификациите на фјучрсот во Плантејшн, САД, синоќа го совлада Американецот МекКлеин Кеслер со 2:0 во сетови. Јотовски, кој е прв носител во квалификациите двата сета ги доби со 7:6 (9:7) и 7:5 во гемови.

Вечерва во третото квалификациско коло Македонецот ќе игра против Иван Калинин од Русија.

За пласман на главниот турнир ќе треба да се мине и 4.то коло од квалификациите поради големиот број пријавени тенисери.

Главниот турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари се наоѓа во близина на аеродромот во Мајами (Форт Ландердејл) каде во петокот имаше вооружен инцидент и убиени пет лица.

Би те интересирало и

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...

Прво финале за Шарапова по кам-бекот

Марија Шарапова ќе го игра првото финале по враќањето по допинг-суспензијата, откако ја победи домашната ...