Јоханес Хајндл денеска ја почнува мисијата во Скопје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Јоханес Хајндл денеска ја почнува мисијата во Скопје

Image (1)

Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде ќе оствари средби со претставниците на четирите најголеми политички партии. Според соопштението од германската амбасада во Македонија, тој ќе се сретне и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, како и со амбасадори од земјите членки на Европската унија.

Хајндл на оваа позиција беше именуван минатата недела од страна на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, во обид да се реши политичката криза во Македонија. Хајндл инаку е и актуелен германски амбасадор во Австрија.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пак, вчера изјави дека доаѓањето на Хајндл е позитивен сигнал и значи дека Германија покажува интерес дека сака директно да биде вклучена во процесите кои што се случуваат во Македонија.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...