Јувентус го одбрани трофејот во италијанскиот куп

Екипата на Јувентус трет пат во низа е освојувач на фудбалскиот Куп на Италија. Во финалето одиграно синоќа на „Олимпико“ во Рим, тие славеа победа на римски Лацио со 2-0.

До вкупно 12. трофеј во „Копа Италија“ тимот на Јувентус дојде со головите на Дани Алвеш (12.минута) и Леонардо Бонучи (24).

„Старата дама“ веќе в недела ќе има можност да ја освои и втората титула сезонава. Пред својата публика Јувентус со триумф против Кротоне ќе ја прослави и титулата шампион на Италија.

Доколку избраниците на Алегри пак успеат да триумфираат и во финалето на Лигата на шампионите каде за противник ќе го имаат Реал, тогаш тие ќе го достигнат достигнувањето на Интер од ерата на Жозе Мурињо, кој ги освои сите три титули.

Превземено од: А1он

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...