Јувентус и Интер дознаа колку треба да платат за да го добијат дефанзивецот на Валенсија

Јувентус и Интер освен што имаат пресметки на терените во Италија водат битки за играчи на трансфер пазарот.

Овој пат двата великаните на италијанскиот фудбал се заинтересирани за ист играч и тоа за португалскиот репрезентативец од редовите на Валенсија, Жоао Кансело. Кансело има 23 години и освен како бек може да игра и офанзивно по потреба, па затоа интерес за него пројавуваат голем број на екипи со тоа што сега се чини најблиску е до Италија.

Ама треба да се исполнат и барањата на Валенсија кои според информациите кои доѓаат од Пиринеите нема да прифати понуда пониска од 25 милиони евра.

Јуве наводно нуди 17 милиони евра плус Марио Лемина, а пак Интер се обидува во преговорите да ги вклучи Џејсон Мурилјо и Жефри Кондогбија.

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...