Јувентус рутинирано го совлада Емполи

Актуелниот шампион и лидер на табелата во италијанската Серија А, тимот на Јувентус забележа сигурна победа со 2-0 во дуелот со Емполи кој се бори за опстанок. На средбата одиграна во Торино, а во рамките од 25.коло, головите за „старата дама“ ги постигнаа Марио Манџукиќ (52.минута) и Алекс Сандро (65).

На првиот натпревар од ова коло Аталанта на гости го победи Наполи со 2-0.

Дешната програмата ја отвараат Палермо и Сампдорија со средбата од 12.30 часот, а во централниот термин од 15 часот ќе играат: Киево – Пескара, Сасуоло – Милан, Лацио – Удинезе, Џенова – Болоња и Кротоне – Каљари.

Дербито на колото меѓу Интер – Рома ќе се игра вечерва од 20.45 часот.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Фиорентина – Торино (20:45 часот).

Табела: Јувентус 66 бода, Рома 56, Наполи 54, Аталанта 51, Интер 48, Лацио 47, Милан 44,,..

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...