Југохром ќе започне да работи според еколошки стандарди – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Југохром ќе започне да работи според еколошки стандарди

Раководството на Југохром најавува дека ќе го рестартира производството во август годинава. Дотогаш според нив ќе се изгради филтер станицата за двете најголеми печки.

Од раководството на комбинатот, велат дека од наредниот месец ќе започне да се монтира металната конструкција на филтер станицата која според нив ќе биде готова во август годинава, кога Југохром ќе ги пушти во погон двете најголеми печки а на работа ќе се вратат 500 работници.

За изградба на филтер станицата е платен аванс во вредност од 1 милион евра, останатата сума од 3 милиони евра ќе биде исплатена додека се гради станицата, изјави Славко Стојчески технички директор на Југохром.

Од Синдикатот на Југохром, се надеваат дека ќе се оствари ветувањето на раководството. Оттаму велат дека ќе побаараат владата да дозволи Југохром да работи додека се гради филтер станицата.

Југохром ги згасна печките на 1 ноември 2016 година, откако Министерството за животна средина му издаде наредба да престане со работа, поради непочитување на рокот за изградба на филтер станицата.

Би те интересирало и

Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе ...

Економски раст под четири проценти не е добар за Македонија

Стапка која е помала од четири проценти не е добра за македонската економија, вели поранешниот ...