„Њујорк тајмс“: Странска сила презела агресивен сајбер напад против САД

Странска сила презела агресивен сајбер напад против САД, интервенирајќи во претседателските избори во 2016 година и оставајќи ги сите знаци дека ќе се врати за уште, но претседателот Трамп се чини не му е гајле, пишува во уредувачката статија весникот „Њујорк Тајмс“.

Ако не заради истрагата за евентуални тајни врски меѓу штабот на Трамп и Русите или за тоа дали самиот Трамп ја попречи правда, тогаш индиферентноста на претседателот ќе биде и понатаму вест за насловните страници, предвиде весникот.

Засега нема докази дека нападите на хакерите против серверите на демократите и на изборните администрации во најмалку 39 држави се одразиле на исходот на изборите, но тоа е странично прашање, смета весникот.

Според авторитетниот весник, поважното во случајот е дека Русите извршувале слични напади против многу други земји (спомнати се Естонија, Украина, Полска, Германија, Франција и Бугарија) и тие стануваат се подобри во оваа дејност. „Тие распространуваат лажни вести и други дезинформации, за да се мешаат во изборите на други држави, како што го направија во САД“, потсетува весникот.

Дури и ако истрагата не покаже тајни врски меѓу штабот на Трамп и претставници на Русија, одбивањето на претседателот да ја признае вистината за „овој напад против нашата демократија“ ги прави САД ранливи за уште попогубни напади во иднина, заклучува „Њујорк тајмс“.

Превземено од: Стандард

Додади коментар

Би те интересирало и

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Жителите на западниот дел од ирачкиот град Мосул добија прва поголема испорака на хуманитарна помош ...

Во Тексас пронајдени 60 имигранти во камион-ладилник

Американските власти потврдија дека 60 неповредени имигранти се пронајдени во камион-ладилник, меѓу огромна количина смрзната ...

Close