Њујорк тајмс: Хилари Клинтон подготвува евентуална нова „улога“ за својот сопруг

hillary-clinton-bill-clinton-scandals-home_0

Хилари Клинтон почнува да подготвува позиција за својот сопруг Бил Клинтон во евентуална нејзина влада, која ќе биде насочена кон економски раст и отворање работни места – пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Клинтон, која се бори да ја освои кандидатурата на демократите за претседателските избори во САД годинава, пред приврзаниците во Кентаки изјави дека нејзиниот сопруг може „да биде одговорен за заживување на економијата, бидејќи „знае како тоа да го направи“.

Претходно, за време на својата кампања, таа истакна дека Клинтон е подготвен „да ја прекине пензијата и да биде одговорен за отворање на работни места“.

Прашана дали тој ќе заземе некоја владина функција, таа одговори негативно.

Веста за евентуалната улога на Бил Клинтон во кабинетот на неговата сопруга доаѓа во момент кога Хилари се подготвува за изборна трка со републиканскиот кандидат Доналд Трамп и ги зајакнува напорите за добивање поддршка на гласачите-белци од работничката класа. Овие гласачи во целина имаат позитивно мислење за Бил Клинтон, но се скептични кон неговата сопруга.

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...