Њу Орлеанс: Возач влета во група луѓе, 28 лица се ранети

Возач, за кој постои сомевање дека бил пијан, влета вчера во маса луѓе, кои ја гледале главната парада на карневалот Марди грас во центарот на Њу Орлеанс, при што 28 лица се повредени, меѓу кои и мали деца – јавија американски медиуми.

Шефот на локалната полиција, Мајкл Харисон изјавил дека инцидентот нема терористичка позадина и оти по се’ изгледа станува збор за пијан возач, кој мометално е под истрага.

„Се сомневаме дека осомничениот бил мошне интоксициран“, истакнал Харисон, не наведувајќи дали возачот бил под влијание на алкохол или дрога.

Двесет и едно лице е хоспитализирано, а петмина се потешко ранети. Меѓу повредените има деца од три до четири години, како и возрасни на 30-тина и 40-тина години. Во инцидентот е повредена и една припадничка на полицијата на Њу Орлеанс.

Би те интересирало и

Трамп: Пјонгјанг е поддржувач на тероризам

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун останува омилен противник на претседателот на САД. По речиси помирливите ...

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...