Ќерката на Лени Кравиц, стана заштитно лице на Ив Сен Лорен

Козметичката компанија Ив Сен Лорен ја избра Зое Кравиц, ќерката на американскиот музичар Лени Кравиц, за свое заштитно лице.

„Ив Сен Лорен отсекогаш била моја омилена марка. Во колекциите тие комбинираат лесна елеганција и смели комбинации, со помош на кои можам да го предадам своето видување за убавина и мода. Во нивните производи секогаш има дрскост и сила, но без излишна надменост“, рече Зое Кравиц. Претставниците на брендот рекоа, пак, дека Зое ја отелотворува претставата за убавина на современите девојки.

Зое Кравиц е американска актерка и модел. Покрај настапите на модна писта, таа учествува и во филмови, како „Фантастични животни и каде да ги најдеме”, „Дивергент”, „Лудиот Макс: Патот на бесот”, „Х-мен: Прв бран” и др.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Анџелина Џоли не се одвојува од еден чифт чевли

Веројатно многу жени би се согласиле околу тоа дека идеалниот чифт на чевли, би бил ...

Нова модна опсесија од улиците на Њујорк

Moдните недели традиционално се место каде се диктира уличниот стил на ѕвездите кои внимателно ги ...

Close