Ќе биде сослушан нотарот кој ја потврдил изјавата на екс-разузнавачот Слободан Богоевски

Во Граѓанскиот суд, Oсновниот суд Скопје 2, денеска треба да се одржи ново рочиште по тужбата за клевета и навреда на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери, за сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски пред Окружниот суд во Њујорк.

На денешното рочиште треба да биде сослушан нотарот Сашо Клисаровски, пред кого Богоевски ја дал изјавата.

На минатото рочиште судијата Нухи Рустеми ја сослуша адвокатката Билјана Панова, како полномошник на Американската комисија за хартии од вредност, пред која сведочел Богоевски. Адвокатката Панова се повика на кодексот за професионална етика на адвокатите и рече дека е обрзана да го чува во тајност она што го дознала при сведочењето на Богоевски.

Како отштета во овој процес Ахмети од Богоевски бара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close