„Ќе се вратам некој ден“ – нова песна на Александра Јанева (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Ќе се вратам некој ден“ – нова песна на Александра Јанева (Видео)

Поп-пејачката Александра Јанева го објави својот нов сингл „Ќе се вратам некој ден“. Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната го напишаа Панче Касапски и Огнен Неделковски. Песната и видео-записот беа премиерно поставени на официјалниот YouTube канал на Јанева.

„Со авторскиот тим и’ дадовме многу време на оваа песна, ја менувавме, ја засакувавме одново и одново и се радувам што токму со неа се враќам меѓу вас”, вели Јанева.

„Ќе се вратам некој ден” е нејзин прв сингл годинава по неколкумесечна пауза. На радост на нејзините поддржувачи пејачката најавува нова летна тема за наредниот месец.

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...