Ќе се менува Законот за тутун и тутунски производи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ќе се менува Законот за тутун и тутунски производи

Ќе се менува Законот за тутун и тутунски производи. Ова денеска го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој очекува предложеното законско решение наскоро да влезе во процедура.

„Ќе се укине поднесувањето на евидентни листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија. На овој начин ќе се олесни административна процедура за склучување на договорите за производството“ ,изјави Николовски на денешната прес конференција. Тој оцени дека реколтата 2017 била една од најдобрите споредено со изминатите години, а тутунот бил со одличен квалитет благодарение на временските прилики.

Одговорајќи на новинарко прашање дали Македонија ќе ги почитува препораките на СЗО за ограничување на тутунопроизводството, Николовски истакна дека ги прифаќаат препораките од сите страни:

„СЗО не биле овде ангажирани и не  сме имале конкретни средби, но ги земаме предвид препораките. Во следниот период ќе презентираме проект кој е финансиран токму од ИПА фондовите на ЕУ, а кој се однесува на замена на површините на тутун со други култури“.

Инаку Светската здравствена организација уште во 2012 година препорача да се укине производството на ориенталниот тутун, кое во земјава изнесувас голем процент од вкупното производство. Своевремено, ова предизвика низа реакции кај тутунарите и здруженијата воопшто, според кои, не постои економски оправдана замена за ориенталниот тутун со друга култура на површините на кои то се одгледува.

Би те интересирало и

Седница за поставување пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 44. седница на која на дневен ред се поставување пратенички ...

Мекилвам-Поповски: Македонија може да смета на поддршка од Велика Британија

Министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Лондон имаше средба со Фиона ...