Џафери бара укинување на визите со Мексико

На маргините на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 14 до 18 октомври во Санкт Петербург, претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари билатерална средба со Ернесто Кордеро Аројо, претседател на Сенатот на Мексико, и сенаторката Габриела Куевас Барон, кандидат за претседател на Интерпарламентарната унија.

„Џафери подвлече дека укинувањето на визниот режим за влез на граѓаните на Република Македонија во Мексико би било од особено значење за продлабочувањето на односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што Македонија ги укина визите за мексиканските граѓани. Назначувањето на почесен конзул на Мексико во Република Македонија дополнително би ја олеснило комуникацијата меѓу двете земји“, соопшти собраниската прес-служба во врска со средбата.

Сенаторката Габриела Куевас Барон нагласила дека како претседател на Комисијата за надворешни односи во Мексиканскиот сенат ќе се заложи за интензивирање на соработката меѓу двата парламенти и за укинување на визите за влез во Мексико за граѓаните на Република Македонија.

Претседателот на Сенатот на Мексико се согласил дека билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Мексико бележат позитивен развој, но и дека има доволно простор за нивно натамошно продлабочување. Аројо упатил покана до претседателот на Собранието да дојде во официјална посета на Мексико.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...