Џафери на Парламентарен безбедносен форум во Рига

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен Роберт Питинџер и Парламентот на Република Летонија, денеска ќе учествува на Осмиот Парламентарен безбедносен форум во летонскиот главен град Рига.
Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, на форумот ќе има обраќање на тема „Непријателска употреба на информацијата и компјутерска безбедност”.
Во рамки на Парламентарниот безбедносен форум, предвидено е претседателот на Собранието на РМ да оствари билатерална средба со спикерот на Парламентот на Летонија, Инара Мурниеце.

Би те интересирало и

Времето денеска сончево и топло а од понеделник дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...