Џафери прогласи долга пауза по расправијата со Димовски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Џафери прогласи долга пауза по расправијата со Димовски

По повеќе реплицирања од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, во 13.30 часот ја прекина седницата. Џафери и Димовски се натегаа околу процедурите на законодавниот дом, додека на дневен ред беше третата точка, односно предлогот на Владата за именување директор на Агенцијата за администрација.

По убедувања каква била досегашната практика, односно што предвидува деловникот на Собранието за претставник на овластениот предлагач, односно Владата, Џафери на крајот сепак се согласи со Димовски – Владата да достави известување кој ќе биде овластен претставник во собраниската расправа и тој да се појави во салата.

– За да не работиме како опозицијата, ќе го прифатам предлогот и ќе продолжиме со работа во 15.30 часот. Тогаш или премиерот да дојде или да извести кој е овластен претставник – рече Џафери.

Преземено од: Мета.мк

Би те интересирало и

Вицепремиерот Османи во посета на Албанија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на ...

Втор обид да почне судењето за нелегалното прислушување во случајот „Таргет-Тврдина“

Во кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство познат ...