Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со коизвестителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка, и Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија.

Разговорот на известителите со Џафери се фокусираше на настаните по предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, надминувањето на политичката криза, актуелната политичка состојба и на решавањето на идните предизвици.

Известителите му посакаа успех во работата на претседателот и изразија очекување дека наскоро ќе биде формирана и dелегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го рефлектира распоредот на силите во Собранието и со која ќе имаат блиска соработка, соопштуваат од собраниската прес-служба.

Постмониторинг дијалогот, во кој во моментот се наоѓа Република Македонија, има за цел да го поддржи напредокот кон демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, како и целосното исполнување на обврските во однос на сите конвенции на Советот на Европа, кон кои државата пристапила. Дијалогот се заснова на оцените за ситуацијата и напредокот кои Комисијата ги прави во соработка со националните власти.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close