Џафери утре на Парламентарен безбедносен форум во Рига

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен Роберт Питинџер и Парламентот на Летонија, утре ќе учествува на осмиот Парламентарен безбедносен форум во Рига.

Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, на форумот ќе има обраќање на тема „Непријателска употреба на информацијата и компјутерска безбедност”.

Во рамки на Парламентарниот безбедносен форум, предвидено е претседателот на Собранието да оствари билатерална средба со спикерот на Парламентот на Летонија, Инара Мурниеце.

Преземено од ПлусИнфо

Би те интересирало и

Со минимален гарантиран доход до искоренување на сиромаштијата

Со минимален загарантиран доход до намалување на сиромаштијата во земјава – ова е решението кое ...

Хрватската индустрија со трет најголем раст во Европа

Извештајот на Европскиот статистички уред покажува дека во Хрватска е забележан најголем пораст на индустриското ...